Холандската компанија TouchWind, развива концепт на ветерна турбина која наместо три лопатки сместени околу средиштето на роторот, има само едноделен ротор. Исто како и авионскиот пропелер со два крака, тој се врти околу централна оска, а иноваторот вели дека ваквата ветерна турбина е поцврста, подоверлива и може да поднесе многу посилни ветрови отколку класичните изведби.
Touchwind Mono е името на овој концепт, осмислен примарно за генерирање на енергија од офшор ветерните електрани, при што би пловеле на засебни платформи. Притоа, инвестицијата се проценува дека ќе биде за 30-50% пониска во споредба со изградбата на класична ветерна турбина. Една ваква 200 метарска турбина би можела да има моќност од 12 MW.
Иако идејата постои веќе околу 5 години, исто толку долго се развива и дизајнот на оваа турбина. TouchWind сеуште не споменува кога очекува комерцијализација на својата иновација. Во моментот концептот се тестира на една платформа во Холандија.