Памтните броила се важен дел од модерните електроенергетски системи, бидејќи нудат бројни предности како ослеснување на заштедата на енергија, спречуваат кражба, далечинско исклучување и повторно активирање на напојувањето, и сл. Но, за жал постои голем диспаритет помеѓу источна и западна Европа кога станува збор за примената на паметните броила. Западниот дел на ЕУ достигнува примена на паметни броила од над 90%, додека земјите од централна и источна Европа се главно под 20%. Поточно, во Грција е 6%, во Унгарија 7%, во Романија 16%. Во Бугарија 34% од броилата имаат далечински функции, но не ги исполнуваат во целост барањата на ЕУ за паметно мерење.
Бројни системски слабости во споменатите држави, креираат средина која не оди во прилог на побрзата имплементација на оваа технологија. На пример, Hellenic Electricity Distribution Network Operator (HEDNO) спровел голем тендер во 2021 година за купување на 7,5 милиони паметни броила и нивно инсталирање до 2030 година. Еден од учесниците, швајцарската компанија Landis+Gyr, покренува судски процес против HEDNO, бидејќи била исклучена од постапката поради наводен недостаток на документација. Тоа довело до двогодишно доцнење во реализацијата на проектот, бидејќи пресудата е дури неодамна донесена во врска со овој спор. Групацијата веднаш објавила дека ќе го напушти грчкиот пазар. Имено, оваа швајцарска компанија има своја фабрка во коринт, која вработува 900 луѓе и која произведува 10 милиони броила годишно. „Одлуката да бидеме исклучени од тендерот посебно не разочара, бидејќи единствен производител на паметни броила во Грција“, изјавиле од компанијата Landis+Gyr. Целата приказна преставува негативен пример за тоа како бирократските и правните проблеми, а неретко и сомнежи за коруптивни зделки, можат да ги одложат инвестициите од витално значење за енергетската транзиција.