Насловна / Вести / Во Истанбул започна да се гради најголемиот аеродром во светот

Во Истанбул започна да се гради најголемиот аеродром во светот

Во Истанбул беше поставен камен-темелникот за изградба на третиот истанбулски аеродром, чија изградба ќе чини 10,25 милијарди евра, а кој воедно ќе биде и најголемиот во светот, јавува турската агенција Анадолија.

„Аеродромот ќе има капацитет за 500 авиони. Со 150 милиони патници годишно ќе биде најпрометниот аеродром во светот. За време на изградбата на аеродромот, на градилиштата ќе бидат ангажирани речиси 100.000 работници. Се очекува изградбата да заврши во 2018 година, а сите фази во проектирањето и изведбата се во согласност со најмодерните енергетски ефикасни решенија“, изјави премиерот Ердоган на свеченоста по повод одбележувањето на почетокот на изградбата.

najgolem-aer-vo-svet-istanbul

Испрати коментар

Scroll To Top