Насловна / Вести / Нестабилниот Јужен Кавказ, како важен енергетски јазол

Нестабилниот Јужен Кавказ, како важен енергетски јазол

Азербејџан се обидува да ја врати контролата над Нагорно – Карабах, отцепена територија која со децении е под контрола на етничките Ерменци.  Познавачите на состојбите во овој регион, укажуваат дека ситуацијата во Карабах би можела да ја промени геополитичката рамнотежа на Јужен Кавказ, каде се наоѓа Азербејџан како голем производител на енергија.

azerbaijan1

 

Регионот е испресечен со нафтоводи и гасоводи, а во продолжение неколку факти кои ја опишуваат неговата богата енергетска инфраструктура:

  • Во Ерменија се наоѓа нуклеарната електрана „Метсамор“, која веќе е во опасна ситуација поради ризик од земјотрес
  • Главната азербејџанска рута за извоз на нафта е нафтоводот Баку – Тбилиси – Чејхан (BTC), низ кој минува приближно 80% од извозот на нафта и минува преку Грузија до турскиот медитерански брег. Има капацитет од 1,2 милиони барели дневно, одноно нешто повеќе од 1% од глобалната испорака на нафта.
  • Од јануари до јули годинава, Азербејџан има извезено 23,1 милиони тони нафта, од кои 76,3% низ споменатиот BTC. Во текот на август оваа пржава произведувала 498.000 барели нафта дневно.
  • Азербејџан извезува нафта и преку Рузија, со нафтоводот Баку – Новоросиск, како и со железница преку Грузија и нафтоводот од Баку до грузискиот град Супс.
  • Азербејџан планира да го зголеми извозот на природен гас во Европа. Во првите шест месеци од годинава, земјата испорачала во Европа 6,6 милијарди кубни природен гас.
  • Производството на природен гас од полето Азери- Чираг – Ѓунешли (ACG), изнесувало вкупно 13,4 милијарди кубни емтри во текот ан 2022 година, додека 25,2 милијарди кубни метри се произведени од гасниот проект Шах Дениз, каде водечки е конзорциумот на BP.

Испрати коментар

Scroll To Top