Објектот за новото училиште Piazza delle Erbe претставува дел од проектот за урбано обновување на историското јадро на градот Џенова. Училиштето се состои од неколку ката предвидени да опслужуваат до 500 ученици од основно и средно образование.
На погорните нивоа се сместени училниците, додека приземјето ги опслужува администрацијата, кантината и салата за музика. Надворешниот дел е организиран како тераса, отворена кон восхитувачкиот градски пејзаж.
Новата модерна структура налегнува на остатоците на поранешен општествен објект кој датира од 18 век, врз чии остатоци би се изградиле аудиториум и библиотека.
Стариот објект е конципиран како интегрален дел на целокупниот комплекс и има за цел да креира непосредна релација помеѓу училиштето и локацијата, создавајќи нов простор за јавна употреба.
Приспособувајќи се на топографијата, училиштето има обезбеден пристап од две различни нивоа, плоштадот и издигнувањето Prione. Објектот е дефиниран од два волумени со прекршена геометрија кои меѓусебно се преклопуваат, при што се создава динамика на фасадата што кореспондира со организацијата на внатрешноста и оптимизацијата на приватноста на училниците.
Чистите и модерни правци интегрираат нова архитектура во деликатното урбано јадро на историскиот центар во Џенова.
Новото училиште се базира на јавно приватна програма и има за цел да претставува фундаментална референтна точка во процесот на ре-апропријација на овој дел од градот.