Српските власти соопштија дека немаат намера да се откажат од изградба на својот дел од гасоводот Јужен поток, чиј почеток е планиран за јули. Ваквиот став на Србија следува откако ЕУ побара од Бугарија да ја прекине работата на проектот.„Немаме план за одложување на изградбата“, изјави министерот за енергетика на Србија, Александар Антиќ. „Ставот на Србија не е конечен. Ние ќе го следиме развојот на ситуацијата и ќе одлучиме соодветно. Верувам дека Европската комисија и државите-членки ќе најдат решение бидејќи тоа е европски проект во интерес на енергетска сигурност“, додаде Антиќ.
Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Србија не планира да ја одложи изградбата на „Јужен поток“