Зелениот метанол е гориво произведено со користење на обновлива енергија, а не од фосилни горива. Претседателката на Европската Комисија, Ursula von der Leyen, го пушти во сообраќај првиот контејнерски брод на светот кој користи зелен метанол како гориво. Бродот е во сопственост на данската компанија Maersk и наречен е Laura Maersk. Името го има добиено според парабродот на компанијата која капетанот Peter Maersk Møller го нарекол Laura, на крајот на 19 – ти век.
Според бродската компанија, бродот Laura Maersk е долг 172 метри. Произведен во Јужна Кореја, може да помине над 11.000 километри со едно полнење на резервоарот за метанол. „Бидејќи има мотор кој користи метанол, станува збор за важен чекор на нашиот пат кон нулти емисии до 2040 година. Овде пишуваме важна историја“, велат од Maersk. Денес, меѓународната поморска индустрија е одговорна з аоколу 3% од глобалните емисии на CO2, што е повеќе од вкупната емисија на Германија.