Насловна / Вести / Мостот во Сиднеј симбол на Австралија

Мостот во Сиднеј симбол на Австралија

Сиднејскиот лачен мост (Sydney Harbour Bridge)  е една од знаменитостите на Сиднеј. Мостот го поврзува сиднејскиот деловен центар со северниот брег. Драматичниот поглед на пристанишните води со мостот и операта е симбол на Сиднеј и Австралија.

2

Мостот го носи прекарот „Закакачалка за капут“ (The Coathanger)  поради неговиот карактеристичен заоблен изглед. До 1967 година, мостот бил највисоката градба во Сиднеј.

Челичната конструкција на мостот со осум сообраќајниленти е една од ретките светски национални знаменитости на кои можете да се качите. Повеќе од деведесет години откако е изграден, неговата форма е една од најпознатите слики на новогодишен огномет со која милиони луѓе на плажите во Сиднеј влегуваат во Новата година.

0

Градежните работи започнале во 1925 година, а во наредните неколку години рачно се затегнати шест милиони шрафови. Во август 1930 година лакот се затворил. 19 март 1932 година, бил голем ден за Австралија, кога мостот е отворен со голема помпа. Околу 750.000 луѓе се собраале за да се восхитуваат на подвигот и да прошетаат по мостот за прв пат.

1

Sydney Harbour Bridge се градел седум години. Околу 1.600 луѓе биле вклучени во опасните градежни работи на вртоглави височини, а за време на проектот загинале 16 градители.

„Секој ден тие луѓе одеа на мостот, одеа по истиот пат како што војник оди во битка, не знаејќи дали ќе слезат живи или не“, изјавил тогаш управителот на градилиштето Лоренс Енис. Но, тоа било време на Големата депресија, секоја работа била барана.

3

Вклучувајќи ги и рампите, мостот е долг 1.150 метри и широк 50 метри. Во работен ден, речиси 200.000 автомобили патуваат од еден до друг дел на градот преку осум ленти.

Има и две железнички линии и патеки за пешаци и велосипедисти. Во 2004 година, конструкцијата дури влезе во Гинисовата книга на рекорди – како најширок мост со лачен распон во светот.

4

Проектант на мостот е градежниот инженер Сер Ралф Фриман (1880 – 1950), кој е проектант и на мостот Birchenough Bridge во Зимбабве, поради што овие мостови се слични. Распонот на Birchenough Bridgeе 2/3 од распонот на Сиднејскиот мост.

Ралф Фриман е проектант и на мостот на Викториините Водопади.

5

Испрати коментар

Scroll To Top