Ентериерот на овој дом, кој се наоѓа во главниот град на Латвија, Рига, е дело на архитектот Filippo Carandini, а е изведен со реновирање кое интегрира современ дизајнерски мебел од италијанската компанија Eponimo.
Дизајнот на ентериерот се состои од темни нијанси на сина, зелена и сива боја низ дневниот престој, трпезаријата и бањата, додека посветлите нијанси ги потенцираат приватните секции како спалната и работната соба. Интензивната ладна палета на бои се претопува во избледениот дабов под и природните, соголени материјали применети низ целиот ентериер со цел да се креира средина соодветна за млади и креативни карактери.