Насловна / Архитектура / Меѓународниот аеродром во Мумбаj на ЅОМ

Меѓународниот аеродром во Мумбаj на ЅОМ

Меѓународниот аеродром Chhatrapati Shivaji во Мумбаj е еден од најпрометните аеродроми во Индија. Со години бил со ограничени и застарени капацитети. Потоа, во 2006 година, меѓународно биро Skidmore, Owings & Merrill (SOM) добило нарачка да го редизајнира аеродромот на истата локација. Изградбата на новиот аеродром е завршена во 2014 година.

14

Новата интегрирана зграда на терминалот (Т2) денес е наменета и за меѓународните и за домашните летови под еден покрив, оптимизирајќи ги операциите на терминалот и намалувајќи ги дистанците на одење на патниците. Со изградена површина од над 408 илјади квадратни метри на четири ката, аеродромот опслужува 40 милиони патници годишно. Се наоѓа на локација од 1400 ари, што е речиси една четвртина од големината на меѓународните аеродроми во Њу Делхи и Хајдерабад.

9

Ограничената локација без можност за проширување на ниту една страна претставувало најголем предизвик за ЅОМ. Меѓу другите предизвици бил и да се зголеми капацитетот на постоечкиот аеродром три пати, и тоа без да му пречи или да се запире неговото секојдневно работење. Интегрираниот тим на аеродромски планери, архитекти и инженери на SOM со својата решителност, стручност и посветеност биле способни да ги надминат сите овие предизвици.

5

ЅОМ развил единствен план во облик на буквата Х за новата аеродромска зграда. Меѓутоа, должината на двата столба на терминалот не е иста, источниот столб останал пократок поради нерасчистување на имотните состојби во сиромашните квартови во соседната парцела. Како резултат на тоа, терминалот во форма на Х дава асиметричен изглед кога се гледа од воздух.

???????????????????????????????

Обликот на основата обезбедува максимални порти за авиони поради широките распространети простори. Некои вообичаени објекти како малопродажба, простор за храна и разработен систем за ракување со багажот се сместени во тесниот центар на основата во облик на Х. Централната локација на овие објекти ги прави лесно достапни од сите делови на аеродромот.

6

За разлика од повеќето аеродроми каде меѓународните и домашните малопродажни области се поставени рамо до рамо, овде сите малопродажни површини се наредени вертикално со меѓународна малопродажна услуга над домашната услуга. Овој аранжман, иако е неконвенционален, но доста е ефикасен во однос на заштеда на голема покриена површина. Освен ова, обезбедено е аеродромот да оперира и да опслужува домашни или меѓународни летови во зависност од побарувачката.

3

Пристигнувањето и полетувањето на аеродромот планирани се на северната страна, сместени помеѓу источниот и западниот столб. Сите меѓународни и домашни патници влегуваат во терминалот на четвртиот кат преку широк издигнат пат. Целиот пат за пристигнување е покриен со огромен конзолен покрив на зградата на терминалот, со што се заштитуваат патниците од големата топлина и непредвидливите монсуни во Мумбаj.

4

Карактеристиката на проектот е кровот на терминалната зграда со долг распон кој зафаќа 70.000 квадратни метри без дилатација, што го прави еден од најголемите кровови во светот. Покривот се потпира на 30 масивни челични столбови распоредени на 64 метри во правец север-југ и на 34 метри во правец исток-запад. Проектантите ја зголемииле длабочината на челичните решетки во близина на столбовите и ги поставиле решетките во ортогонална мрежа и во мрежа од 45 степени, што резултирало со конзоли од 40 метри долж периметарот.

12

Мега-столбовите исто така се пректирани да служат како механизми за подигање, така што целиот покрив е изграден без кранови – мерка преземена како одговор на ограничувањата на локацијата и непосредна близина на постоечкиот терминал..

1

Сите мега челични столбови и мрежата од решетки обложени се со илјадници прецизно изработени бетонски панели армирани со стаклени влакна на надворешноста и панели од гипс армирани со стаклени влакна во ентериерот. Поради кривулестата форма секој панел е изработен по нарачка со компјутерска прецизност.

8

Дизајнот на мотивот за обликување на панелите е изведен од окото на паунот во облик на солза, кој е национална птица на Индија. Во центарот на секој од панелите поставен е кружен отвор за пропуштање на природна и вештачка светлина. Во секој отвор има ламинирана леќа која произведува две бои, во зависност од аголот под кој светлината продира. За ефектот на овие светла врз амбиентот, архитектите со право изјавиле: „Кога светлото е правилно, целиот аеродром изгледа како палата во Раџастан исполнета со обоено стакло“.

11 13 0

Испрати коментар

Scroll To Top