Насловна / Вести / Русите отворија нов коридор: Првиот воз преку Иран замина за Саудиска Арабија

Русите отворија нов коридор: Првиот воз преку Иран замина за Саудиска Арабија

Руски транзитен воз со 36 контејнери во текот на викендот помина низ новиот копнен транспортен коридор преку Иран до Саудиска Арабија, објави шефот на иранските железници Миад Салехи.

Салехи истакна дека тоа е првпат транзитен товар од Русија да помине низ иранската железничка граница Инче Борун во близина на Туркменистан.

Товарот е испорачан до пристанишниот град Бандар Абас на Ормускиот теснец и оттаму ќе биде префрлен во саудискиот пристанишен град Џеда по море, објасни ирански претставник.

1

Иранскиот секретар на Врховниот совет на слободните економски зони, Хоџатолах Абдолмалеки, претходно изјави за РИА Новости дека започнал со работа еден од новите транспортни коридори во рамките на поширокиот Меѓународен транспортен коридор Север-Југ (ИНСТК), кој минува низ иранска територија.

Според неговите зборови, новиот коридор ги поврзува Русија и арапските земји со железница преку Иран и по морски пат преку Персискиот залив.

ИНСТК е алтернатива на коридорот што минува низ Суецкиот канал, а планираниот транзитен систем долг 7.200 километри ќе ги поврзува бродските, железничките и патните правци за движење на товар меѓу Русија, Иран, Азербејџан, Индија и Централна Азија.

2

Изградбата на овој коридор започна на почетокот на 2000-тите, но доби нов замав по воведувањето на западните санкции на Русија, која беше принудена да ги пренасочи своите трговски текови од Европа кон Азија и Блискиот Исток.

Вкупниот превезен товар по коридорот лани изнесувал 14,5 милиони тони, а годинава се очекува да бидат транспортирани 17,6 милиони тони, проценува руското Министерство за транспорт.

Меѓународниот транспортен коридор „Север-Југ“ е мултимодална транспортна мрежа на поморски, железнички и патен транспорт меѓу Русија, земјите од Заливот и Индија, со транспортен и претоварен центар во Иран.

Ги поврзува Мумбај, Бандар Абас, Баку, Бандар Анзели, Астрахан, Москва, не е предмет на санкции наметнати против Русија и Иран и не е под влијание на западните земји.

Долгорочно, коридорот може да стане алтернатива на традиционалните рути низ Суецкиот канал, Средоземното Море и Босфорот бидејќи, според проценките на индиските владини претставници, овој коридор може да ги намали времето и трошоците за испорака за 30-40 проценти.

На стоката што се транспортира преку Суецкиот канал и требаат 45-60 дена за да стигне до Европа, во споредба со 25-30 дена на ИНСТK.

Испрати коментар

Scroll To Top