Една приватна болница во Белгија, се подготвува за старување на проект во кој ќе применува вештачка интелигенција при прегледите на уво, нос и грло. Станува збор за болницата EpiCURA, во градот Ат во регионот Валонија, која ќе започне со оваа пракса веќе на крајот на оваа година. Технологијата на белгиската софтверска компанија „Бингли“ ќе се користи во проектот финансиран од регионалната влада на Валонија.
Според зборовите на креаторите на проектот, одговорите на прашањата на вештачката интелигенција пред средбата со лекарот, ќе заштеди многу време на лекарот во поставувањето на дијагнозата. Имено, вештачката интелигенција ќе му постави на паиентот 70 до 100% од прашањата кои вообичаено лекарот ги поставува при средбата „лице в лице“.