Познатиот хотелски синџир CitizenM од Амстердам го отвори својот прв хотел во Њујорк. Така, на њујоршкиот „Тајмс Сквер“ отворија хотел во кој посебно внимание се посветува на дизајнот на ентериерот заради привлекување на млади и урбани гости.
Хотелот нуди 230 соби, пространо лоби со високи тавани и бар на покривот со поглед на раздвижениот „Тајмс Сквер“. Во ентериерот е направен обид за да се фати духот на забрзаното темпо на животот во Големото јаболко.
Затоа е впечатлив дизајнот со силните бои како зелена и црвена, во комбинација со живописно зеленило и топло дрво.
Целта на овој синџир на хотели CitizenM е да понуди на редовните патници одличен хотел по пристапни цени. Затоа во хотелот може да се најдат помали и евтини соби во кои на гостите им е понудено се што е потребно за удобен престој. За 200 долари тука се добива ноќевање, појадок, бесплатни Wi-Fi услуги, третман во спа центар, пијалак во барот и трансфер од аеродром до хотелот, што за хотел кој се наоѓа во апсолутен центар на Менхетн и не е премногу висока цена.