Насловна / Архитектура / Урбано ткиво достапно за сите, во Веурн, Белгија

Урбано ткиво достапно за сите, во Веурн, Белгија

Архитектонското студио Б-сити Архитекти (B-city Аrchitecten), работеше на проектот за ревитализација на просторот на старата рафинерија за шеќер, која била во функција до 2005 година, трансформирајќи ја во комплекс за колективно домување, надополнета со комерцијални содржини и парковски површини. Конкретниот проектен зафат се наоѓа во Веурн, јужно од белгискиот град Бриж и францускиот град Данкерк.

5-copy-1 4-copy-1

1-copy-1

3-copy-1

Сегашното име, Suikerpark што во превод значи шеќерен парк, проектот го добива  поради потеклото на местото. Програмските содржини во проектниот опфат, вклучува комплекс, кој се состои од 450 станбени единици, од кои ( апартмани, полусамостојни куќи и единици за лица со посебни потреби), позиционирани по принципот на колективно домување. Со оглед на фактот, што се протега на површина од 133.000 m², нуди флексибилни канцелариски простори, атељеа за уметници, урбани зелени коридори и мали комерцијални содржини.

6-copy-1 9-copy-1 8-copy-1

Suikerpark, дело на студиото Б-сити архитекти (B-city Аrchitecten), е олицетворение  на  станбена зона која дава значителен фокус на животната средина, земајќи го во предвид околниот контекст, без занемарување на аспекти како што се флексибилноста, диверзитетот и достапноста, кои ова градско ткиво се стреми да ги обезбеди. Сето ова се постигнува со доволна застапеност на поединечни намени во урбаниот блок, доволно интегрирани да одговорат на реалните потребни на заедницата. Покрај тоа, со актуелната изградбата на нов велосипедски мост и пешачки поврзувања се обезбедува поголем степен на пристапност и се поттикнува социјалната активност до историското јадро на Веурн.

12-copy-1 11-copy-1 10-copy-1

Со проектот, старата рафинерија за шеќер станува адекватно место за живеење, релаксација и работа, совршено интегрирано околу континуирани зелени површини, кои просто мамат да и се препуштите на една поинаква перцепција на урбаната џунгла.

18 19 20

Испрати коментар

Scroll To Top