Насловна / Архитектура / Со глобален пристап до блескава кариера, изложбата „Отворена Кутија“ на Зербрух Хатон

Со глобален пристап до блескава кариера, изложбата „Отворена Кутија“ на Зербрух Хатон

Изложбата насловена како „Отворена кутија“ ќе ги собере на едно место 60те проекти на берлинското архитектонско студио Зербрух Хатон (Sauerbruch Hutton). Оваа изложба моментално е лоцирана во центарот на градот Инсбрук, во северна Австрија и ќе трае од 7 јули до 21 октомври 2023 година.

1-copy-0

„Отворена кутија“  со себе нуди и апликација развиена токму за да го збогати искуството на посетителот. Оваа алатка овозможува да се осознае повеќе за студиото преку фотографии, видеа, цртежи и текстови за изложените дела и проекти.

3-copy-0

Всушност, Зербрух Хатон прави ретроспектива низ неговата 30-годишна работа, прикажувајќи технички и просторни иновации од одржливи визии во изложените дела на студиото. Нејзината суштина се рефлектира во третманот што го добиваат генерираните просторни конфигурации, преку воспоставување на дијалог помеѓу користењето на локални материјали и урбаниот наратив.

4

Фасадата на облакодерот GSW во Берлин, со неговите ротирачки завеси во градации на розова, портокалова и црвена боја, тродимензионалната структура на обоените глазирани профили во музејот Брандхорст во Минхен, која се менува со минувачите или  ѕидовите од тула обоени во црвена, сива и бела боја од новиот музеј М9 во Местре, се некои од репрезентативните проекти што може да се видат на изложбата.

2-copy-0

Колоритните и светли фасади се еден од заштитните знаци на канцеларијата основана во 1989 година од Матијас Зербрух и Луиза Хатон. Тие ја редефинираа бојата како архитектонски материјал и го препознаа нејзиниот потенцијал при создавање и формирање на простори.

6-copy-0 5-copy-0

Еден од неговите најнови проекти е музејскиот кварт М9 во Местре, кој помага да се отвори дел од градот кој претходно беше недостапен за локалното население преку нови рути за поврзување. Овде, Зербрух Хатон ја прикажа својата работа во последните 30 години на изложбата во 2021 година со наслов „Цртај, сакај, гради“.

7-copy-0 8-copy-0 9-copy-0

Делото беше претставено во три наративни нишки, преплетувајќи ги тематските оски: како да се справиме со постиндустрискиот град, грижата за оптималната одржливост и уживањето во сензитивни простори кои го збогатуваат секојдневниот живот на простороуживателите.

60 дела може да се видат во старата пивница Аrchitektur und tirol, претставени во нивните транспортни кутии. Поради поставеноста на експонатите во различни размери и материјалности, изложбата има карактер на експандирана инсталација која овозможува различни перспективи на архитектонското дело, истровремено поврзувајќи се со урбаните пејсажи.

Испрати коментар

Scroll To Top