Студиото Рокамора дизајн и архитектура (Rocamora Diseño y Arquitectura) е авторот на изложбата за проектот „Лабораторија за архитектура: Бофил во Калпе“. Оваа изложба ја истражува интимната и инспиративна врска помеѓу архитектот Рикардо Бофил и градот Калпе, во Аликанте.
Изложбата, која ќе биде отворена за јавноста до 30 септември, опфаќа различни дела од професионалниот опус на архитектот со проектот Ла Манзанера како експериментален простор кој ја отсликува неговата архитектонска визија и од кој настана едно од неговите најпрепознатливи дела, како на пример иконичниот „Црвен ѕид“.
Изложбата „Лабораторија за архитектура: Бофил во Калпе“ („Laboratory of Architecture: Bofill in Calpe“), е работена во соработка со архитектонското студио Рикардо Бофил, Ricardo Bofill Taller de Arquitectura Archive (RBTA Archive), без која не би било можно да се навлезе во биографијата, историскиот контекст и градителското наследство што Рикардо Бофил го оставил зад себе.
Оваа изложба се наоѓа во галеријата лоцирана во културниот дом Хаиме Пастор и Флуикса Jaume (Pastor i Fluixà), во Калпе и е овозможена благодарение на Градскиот совет на Калпе и кураторот Алберто Менгвал Муњоз.