Насловна / Архитектура / Реобмислување на сегашноста преку имагинацијата

Реобмислување на сегашноста преку имагинацијата

Студиото БРА (Blancafort-Reus Arquitectura) е главниот виновник на пејзажната интервенција која се протега над остатоците од зграда која никогаш не била завршена. Проектот за рехабилитација на локацијата се протега во националниот парк Сиера Еспуња, во областа Мурсија, Шпанија.

1

11

Рушевините од претходниот објект, всушност биле дел од резиденцијата за одмор на воздухопловните сили, но таа никогаш не била завршена до крај поради избувнувањето на Граѓанската војна. Нејзината најзабележителна карактеристика била формативноста, слична на авион што се издигнува над планините, генерирајќи коегзистенција помеѓу урнатините и природата. Габаритот одговара на првите стилски облици на модерната, кои како референца ги имаа новите средства за комуникација во наутиката и авијацијата.

2

Проектот беше еден од 16-те проекти избрани во категоријата Надворешни простори (оutdoor spaces) за Европската награда AHI – Интервенција во архитектонското наследство.

9 6 8

Имајќи ја в предвид состојбата на напуштеност и обезличување во која се наоѓаат остатоците од комплексот, предлогот се обиде да ја врати историската меморија на местото, евоцирајќи го романтизмот на неговата концепција и нагласувајќи го спојувањето меѓу човечкото дејство и планината. Со оваа цел, проектот се фокусираше на две прашања:

Првиот е да се рехабилитира оригиналниот објект на авионот со расклопување на елементите, што вклучува регулација на висините и олеснување на поимањето на просторот.

4 3 5

Вториот аспект е клучен да се трансформира и поттикне контекстот преку социјална и физичка активност. Додадени се и серија геометриски форми со челични профили, кои ги поттикнуваат посетителите да комуницираат со околината.

10

Од друга страна, разгледувајќи го оригиналниот габарит и неговите функционални содржини, фокусот е вперен кон скалишниот простор, каде од одлагалиштето може да се доживее формативноста во сета негова широчина. Место кое открива необично минато, дел од неговата меморија и простор во кој при секоја повторна средба одново имагинативно се поврзува со сегашноста.

13

12

15

14

Испрати коментар

Scroll To Top