Насловна / Архитектура / Флуидноста на јавните простори во Барселона

Флуидноста на јавните простори во Барселона

Шпанското студио CB (Collectiu Brusi) беше ангажирано околу изградбата на проектот за рехабилитација на Ca l’Altisent и градините и фонтаната на ректоратот (Jardines de la Font del Rector), во Сант Климент де Лобрегат, општина која се наоѓа недалеку од Барселона. Тој претставува заедничка интервенција на архитектурата, јавниот простор и пејзажот. Се роди од идејата да се создаде нова урбана рута што ги поврзува Плаза де ла Алдеа и Плаза дел Ајутамиенто со Плаза де ла Иглесија преку паркот и новата Плаза де ла Библиотека. Рехабилитацијата на зградата Ca l’Altisent за да се претвори во јавна библиотека овозможи отворање на градската градина и пристап до потокот и фонтаната на Ректорот.

2

3

Проектот има за цел да ја трансформира старата зграда Ca l’Altisent во нова јавна библиотека и да создаде нова урбана трансферзала што ќе овозможи поврзување на плоштадите на Градското собрание и плоштадот на црквата преку паркот и плоштадот на библиотеката. Проектот е еден од 50-те финалисти на 15то издание на BEAU наградите (Шпанско биенале за архитектура и урбанизам) во категоријата Град и пејзаж.

1

Ревитализацијата на библиотеката Ca l’Altisent, овозможи градините и фонтаната на Ректоратот да се отворат кон простороуживателите во градот. За да се реализира ваквиот зафат, интенцијата е активирање на постојните патеки и поврзување на двата брега на реката преку генерирање на ново сврзно урбано ткиво што ќе претставува премин помеѓу плоштадот на библиотеката и плоштадот на црквата.

6 8 7

Библиотеката го задржува својот препознатлив волумен од 20 век, а анексните згради се отстранети, оставајќи го нејзиниот основен габарит составен од приземје со аркади на фасадата, кат и кула, исклучиво задржувајќи ја својата оригинална суштина. Дополнително, при отстранување на надворешната обвивка, се појавуваат текстурите на имплементираните градежните техники кои се користеле при изведбата на анексните продолжувања. Нејзиниот плоштад е проектиран трансформирајќи ја приватната градина во нов јавен простор.

5

Новата интервенција отвора област каде речната вегетација со текот на времето го завзема приматот врз пејзажот и ја елиминира секоја трага од постојните патеки кои се движат паралелно со водотекот. Оваа инфраструктура за поврзување поминува низ природен контекст обновен со автохтони видови кои се интегрирани следејќи ги контурните линии – со што се минимизира движењето на земјата – поврзувајќи ги двата брега на реката со новоизградената платформа. Резултатот е генерирана флуидна патека, целосно достапна, помеѓу новиот плоштад на библиотеката и плоштадот на Црквата.

4

Потешкотитите при изведбата како и недостапноста на проектниот опфат ги услови конструктивните решенија на проектот: избрани се монтажни елементи,  за да се гарантира оптималноста во изведбата и да се одржи максималната природна пропустливост на почвата. Во однос на материјалноста, доминира употребата на тула, во контекст на спроведување на идејата за адекватна корелација со карактерот на оригиналната градина.

10 11 12

Предложеното проектно решение ја ревалоризира постоечката конструкција и ги прикажува различните фази на градба, демаскирајќи ја надворешноста, истовремено правејќи ги видливи применетите техники во различните фази при реализација на волуменот. На фасадата, потоа, се врши хомогена обработка со боја која дава единство на целината и ги интегрира сите оригинални конструктивни и декоративни фасадни елементи.

 

Испрати коментар

Scroll To Top