Насловна / Вести / Знаковниот јазик се усогласува со терминологијата од областа на климатските промени

Знаковниот јазик се усогласува со терминологијата од областа на климатските промени

Стручњаците за знаковен јазик во Велика Британија, неодамна го дополниле овој јазик со термини кои се однесуваат на климатските промени, како што се на пример јаглероден отпечаток, стакленички гасови и сл.  Досега за овие термини не постоеле официјални знаци па децата, наставниците и научниците често морале да се снаоѓаат со долги посредни објаснувања, односно термини. Но, сега во знаковниот јазик се внесени 200 нови термини.

sign1

Audrey Cameron, научник од Универзитетот во Единбург, која е глува и го користи знаковниот јазик, истакнала дека поради недоволен фонд на знаци од оваа проблематика, таа често не можела квалитетно да учествува на важни состаноци и настани. Споменатите активности на збогатување на знаковниот јазик со термини од областа на климатските промени, се само дел од комплекен проект кој е покренат во 2007 година и е финаниран од Кралското здружение. Станува збор за научен знаковен речник, во кој досега во текот на проектот с едодадени 7.000 нови знаци.

sign2

 

Испрати коментар

Scroll To Top