Владата на Црна Гора обезбеди еден милион евра за унапредување на енергетската ефикасност во преработувачката индустрија, со употреба на современи технологии. Програмата за поттикнување на иновации во функција на енергетската ефикасност во индустријата за 2023 година, заеднички ја имплементираат надлежните министерства и Фондот за иновации на Црна Гора.
Во текот на подготовката на Програмата, анкетираните компании рекле дека би вложувале во модернизација и оптимизација на производството преку набавка ан нова енергетски ефикасна опрема, смарт технологии и машини со повеќе операции, како и инсталирање на фотонапонски системи и зајакнување на капацитетите на стручните лица од областа на управувањето со енергија.
Микро, малите и средните претпријатија од секторот на преработувачката индустрија, на овој начин ќе бидат во можност да остварат неповратна финансиска поддршка во износ од најмалку 80.000 евра, а највеќе 200.000 евра. Од добиените субвенции може да се финансираат трошоците за проектот до максимален износ од 80%.