Насловна / Вести / Полската влада ја одобри изградбата на првата нуклеарна електрана во земјата

Полската влада ја одобри изградбата на првата нуклеарна електрана во земјата

Polskie Elektrovnie Jadrove (PEJ), посебно претпријатие кое е во 100% државна сопственост, ќе биде одговорно за изградбата на првата нуклеарна електрана во Полска, за што веќе има добиена согласност од владата. Ќе се користи реактор AP1000, од американската компанија Westinghouse. Станува збор за начелна согласност која му овозможува ан инвеститорот, односно PEJ, да аплицира за низа понатамошни административни одлуки, како и за градежна дозвола.

polishNPP1

polishNPP2

Полска во моментот има големи планови за развој на капацитети за производство на енергија со нуклеарно гориво, и смета на оваа технологија како важен адут во спроведувањето на енергетската транзиција, со оглед дека земјата е сериозно зависна од јагленот како енергент. Според усвоениот план, изградбата на првата нуклеарка ќе започне во 2026 година, а првиот реактор со капацитет од  1,0 до 1,6 GW, ќе биде пуштен во работа во 2033 година. Крајбрежните градови Лубјатово и Копалино во покраината Померанија се именувани како пожелна локација за оваа електрана. Се работи и на развојот на мали модуларни нуклеарни реактори, а веќе се поднесени пријави од некои компании до надлежните институции за добивање одобрение за инсталирање на вакви постројки.

polishNPP3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top