ReMake Up претставува составен дел од креацијата за нов идентитет на Институтот за професионален изглед во Мексико Сити и е конципиран како ентериер кој доживува целосно редуцирање на архитектонските детали, презентирајќи ја природата на применетите елементи како аналогија на една нова модна сцена без шминка.
Примената на соголената обработка од тула, рециклираните OSB плочи, металната конструкција и останатите составни материјали симулираат индустриски изглед и атмосфера која потсетува на бекстејџ на забавно шоу. Составните функционални елементи како осветлувањето, дизајнерските парчиња облека и изложбените фигури се оплеменети со нова естетика која го надополнува постоечкиот ентериер. Репрезентативните фотографии и уметнички слики на ѕидовите, како и светлечките пораки врамуваат различни простори, каде основниот фокус е насочен кон главниот артист.