Насловна / Вести / Нов начин на слетување на авионите во корист на животната средина

Нов начин на слетување на авионите во корист на животната средина

Познато е дека авиокомпаниите трошат големи количини енергија, односно млазно гориво, што од друга страна е сериозна закана за животната средина. Се разбира, нивото на потрошувачка зависи од моделот на авионот, неговата маса, перформанси и сл. На пример, Boing 747, троши околу четири литри гориво во секунда, што значи дека за еден негов лет од 5 часа се потребни 75.000 литри гориво. Воедно, тоа се и големи количини на CO2 испуштени во атмосферата, па затоа авиокомпаниите се повеќе се свртуваат кон примена на разни еколошки мерки. Една од мерките која придонесува во намалување ан емисиите, односно заштеда на гориво е промена на начинот на кој авионите слетуваат. Стандардниот начин подразбира постепено спуштање на различни височини а кои кратко се задржува, се до конечното спуштање на тлото. Во секоја од тие висински рамнини, авионот ги користи своите мотори.

landing1

 

Но, новата мерка подразбира директно континуирано слетување со многу мала моќност на моторите, односно речиси „во лер“ кажано во жаргон.

landing2

 

Овој метод е моментално актуелен во САД, а се претпоставува дека наскоро ќе биде применуван и во други држави, бидејќи е атрактивен за авиокомпаниите поради големите заштеди на гориво. Освен заштедата на гориво и намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид, не е за потценување уште една придобивка за животната средина – намалената бучава.

Испрати коментар

Scroll To Top