Бродоградилиштето „Виктор Ленац“ во Риека, работи на развој на проект за инсталирање на топлински пумпи кои ќе ја користат морската вода како извор на топлина, а треба да се реализира до пролет идната година. За овој проект се користат неповратни европски средства. Во проектниот тим учествиваат Техничкиот факултет од Риека, Енергетскиот институт Хрвоје Пожар, E.ON Хрватска и компаниите „Сенсум“ и „Енасол“.
Од бродоградлиштето велат дека со овој проект ќе се прошири системот на централно греење на поголем дел од нивната површина, вклучувајќи и опција з а централизирано ладење, при што ќе се остварат значителни енергетски заштеди. Аналзиите упатуваат на потенцијални заштеди од 60%, како и сериозна редукција на емисиите на јаглерод диоксид.
Инаку, проектот „Систем на топлински пумпи со морска вода“ е финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка преку финснсискиот механизам на Европскиот економски простор (EGP) 2014.–2021., со национално кофинансирање на Хрватска. Вкупната вредност на проектот е 480.312 евра, а износот ан добиените неповратни средства е 232.583 евра.