Катастрофата го погоди главниот град на Иран среде бел ден. Во жестоката песочна бура загинале најмалку петмина жители на Техеран, а има и голем број повредени. Најголемиот дел од жртвите го загубиле животот од дрвја кои се кршеле под налетот на ветрот со брзина од 120 километри на час. Иранската државна телевизија јавува дека двајца од повредените се во животна опасност. Во акција се околу седум илјади спасувачи.
Без електрична енергија, според официјални извори, се околу 50.000 домаќинства. Сообраќајот во градот е делумно запрен. Температурата во Техеран, поради бурата, паднала од 33 на 18 степени, со оглед на тоа што по силниот ветер следувале и обилни врнежи.