Насловна / Хортикултура / Направете си сами розино дрво

Направете си сами розино дрво

За подлога најдобро е да се користи шипинка (Rosa Canina). Се зема семе од плодовите што почнуваат да поцрвенуваат и се сеат во табли. Се одгледуваат додека стеблото им достигне дебелина од околу 8 см. Во тоа време редовно треба да се отстрануваат сите странични изданци кои ќе се појавуваат по стеблото со цел да се добие право стебло. Висината што треба да ја достигне е околу 0,5 до 0,75 м.
IMG_2654
По формирањето на стеблото се калемат рози од посакуваниот вид. Калемењето може да се врши на будна или заспана пупка. Доколку подлогата ја достигне посакуваната височина пред крајот на јуни, препорачливо е да се користи будна пупка. Дали калемот е успешен може да се воочи веќе по две недели од калемењето. Зафатените пупки се свежи, а остатокот од листовите на гранчето паѓа многу лесно, додека неприфатените пупки и листови се засушени. Кога ќе се осигурате дека калемот е успешен гранчињата се поткаструваат во висина на пупките за да може сите хранливи материи да се насочуваат кон калемот.
rose tree 4.2010По формирање на третиот лист потребно е да се поткастрат гранчињата. Оваа постапка се повторува 3-4 пати со цел во иднина да се оформи густа крошна со обилно цветање. Многу важно е редовно да се поткаструваат за да не дозволите растението да процвета уште првата година. Цветањето во првата година може да го дозволите само ако гранчињата се добро развиени и оформени.

Во зима кога температурите се ниски, растенијата треба да се заштитат со геотекстил или слама. Треба да се внимава во првата година при врнежи од снег да не дојде до механички повреди на калемот.

Испрати коментар

Scroll To Top