Насловна / Вести / Големите топлински пумпи можат да заменат 75% од потрошувачката на гас во Германија

Големите топлински пумпи можат да заменат 75% од потрошувачката на гас во Германија

Новата студија која ја нарача Agora Energiewende, а ја подготви Fraunhofer Institut, покажува дека Германија би морала да инсталира дури 4 GW големи топлински пумпи годишно до 2045. Потенцијал за топлински извор на големи топлински пумпи, во оваа земја постои во геотермалната енергија, езерата и реките, отпадната топлина од индустријата, отпадните води, рудниците на јаглен и дата центри, и тој потенцијал значително ја надминува побарувачката.

warmeoumpe1

Но, во студијата се наведува дека моментално постојат само неколку вакви големи постројки, и дека технолошките иновации се неопходни за подобрување на перформансите со цел постигнување на повисока ефикасност и повисоки температури. Другиот предизвик е економската одржливост. Во таа смисла, во студијата се истакнува потребата од стандардизација и зголемување на производството на топлиснки пумпи. Проектите за инсталирање на големи топлински пумпи, мора да бидат привлечни за операторите на далечинско греење во споредба со решенијата на фосилни горива. Но, исто така Германија ќе мора да ја прошири својата мрежа на топловоди за просечно 800 километри годишно до 2045 година, во споредба со 423 километри од 2020 година, се вели во документот. Студијата исто така ја повикува владата да им наметне обврска на општините кога е во прашање греењето.

warmepumpe2

 

Испрати коментар

Scroll To Top