Насловна / Архитектура / СТАВ – изложба на дипломски проекти на студенти од Архитектонскиот факултет во Скопје

СТАВ – изложба на дипломски проекти на студенти од Архитектонскиот факултет во Скопје

STAV poster 70x70 MKD
На 10 јуни во 20.30 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се отвори СТАВ –  изложба на дипломски проекти на генерацијата запишана 2006 година на Архитектонскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Станува збор за изложба на една поинаква визија за архитектурата. Архитектура од нас за сите нас. Покровител на изложбата е Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ).

Желбата е на изложбата да се промовираат студентските проекти кои имаат еден свеж и зрел став кон архитектурата, кои покажуваат една нова визија за иднината на нашата архитектура. Оваа иницијатива покажува дека има многу проекти кои остануваат неизведени, а имаат големи архитектонски квалитети. Затоа организаторите сакаат тие да не останат невидени и да бидат инспирација за сегашните и идните архитекти.

На отворањето на изложбата ќе има и презентација „Архитектонската реалност меѓу Лондон и Скопје“ со која ќе се направи обид да се сместат студентските проекти во еден светски архитектонски стил.
Backup_of_pokani.cdr

Испрати коментар

Scroll To Top