Французите го зајакнуваат партнерството со Саудиска Арабија, со историски договор. Имено, државната нафтена компанија Saudi Aramco, потпишала со француски Total Energies, договор вреден 11 милијарди долари за инженеринг, набавка и изградба на нов петрохемиски комплекс во рафинеријата SATORP, во Саудиска Арабија. Се очекува во овој комплекс ада се смести една од најголемите петрохемиски постројки во тој регион. Одговорните во земјата домаќин очекуваат оваа инвестиција да привлече и други инвеститори во сродни дејности како на пример производство ан јаглеродни влакна, мазива, автоделови, пневматици и сл.
Минатиот месец Saudi Aramco откри дека е во преговори со Total и со кинески Sinopec за дел од 110 милијарди долари вредниот проект за развој на гасното поле Jafurah. Jafurah се смета за едно од најголемите светски наоѓалишта на нафтни шкрилци надвор од САД.