Се разгледува нов пристап во обуката на градежните работници, кој користи напредни технологии. Во пристапот кој неодамна за прв пат е користен во Австралија, се користи виртуелна реалност (VR) во реализацијата на обуки. Имено, во текот на тригодишниот проект, тим истражувачи од Универзитетот QUT, организацијата Construction Skills Queensland (CSQ) и компанијата Next World Enterprise, со помош на неколку други институции, врши споредба на ефикасноста на VR обуките со традиционалните методи.
Курсот за безбедност при работа на височина, бил избран тест, а неговата изведба преку VR симулација е споредена со истата обука изведена со традиционални методи. Резултатите биле споредливи – обуката „лице в лице“ се покажала како умерено ефикасна веднаш после обуката, но задржаното знаење после еден месец било слично и кај двата пристапи. Извршниот директор на CSQ, Brett Schimming, нагласил дека VR би можела да даде вреден придонес во идните обуки во градежништвото. Уочено е дека технолошкиот напредок создава нови можности за усвојување на нови вештини и пристапи во обуките. VR овозможува симулација нa опасни ситуации, го подобрува разбирањето на бебедносните стандарди и поттикнува промени во однесувањето. CSQ веќе ја користи VR технологијата во образовен контекст, односно за интерактивни презентации на градилиштата во училиштата. Целта им е да ги заинтересираат учениците за кариери во градежништвото.