Насловна / Вести / Eurelectric со три сценарија за постигнување на климатска неутралност во Европа

Eurelectric со три сценарија за постигнување на климатска неутралност во Европа

Европското здружение на компании во секторот електрична енергија Eurelectric, со седиште во Брисел, претстави три сценарија за намалување на нето емисиите на стакленички гасови во Европа на нула, а како клучни услови за декарбонизацијата ги наведува електрификацијата со помош на обновливи извори на енергија и силен развој на овие технологии. Две од трите сценарија предвидуваат постигнување на климатска неутралност најдоцна до 2050 година, додека третиот, најамбициозниот, подразбира постигнување на таа цел веќе во 2040 година.

eurelectric3

Во извештајот кој ги елаборира овие сценарија, се истакнува дека интеграцијата на голем број варијабилни обновливи извори на енергија бара доволна флексибилност на електроенергетскиот систем, т.е. способност да се одговори на варијациите во снабдувањето и побарувачката. Кога станува збор за водородот како гориво, се истакнува дека тој ќе игра важна улога во декарбонизацијата на секторите во кои е тешко да се постигне намалување на емсииите како што се товарниот сообраќај и тешката индустрија, но само доколку тој се произведува со помош на енергија од обновливи извори.  Eurelectric истакнува дека социјалните, економските, еколошките и климатските бенефити од декарбонизацијата на енергетскиот сектор ги надминуваат трошоците од декарбонизацијата. На пример, декарбонизацијата би обезбедила помеѓу 40 и 140 милијарди евра години заштеди во здравстените системи, за третирање на последиците по јавното здравје, а би спречила и 58.000 предвремени смртни случаи.

eurelectric4

Испрати коментар

Scroll To Top