Германскиот автомобилски гигант Mercedes-Benz потпишал договор за набавка на челик произведен со помош на водород и речсии без емисии на CO2, од шведската фирма H2 Green Steel (H2GS). H2GS, стартап во кој Mercedes-Benz има свој удел, планира да започне со производство во 2025 година, а со договорот е предвидена испорака на околу 50.000 тони челик годишно за фабриките на овој автомобислки бренд во Европа. Договорот ќе и овозможи на компанијата Mercedes-Benz да воведе челик произведен речиси без емисии на CO2 во сериско производство, што ќе овозможи создавање на декарбонизиран синџир на снабдување во Европа. Mercedes-Benz и H2GS потпишале и меморандум за разбирање, со цел воспоставување на синџир за снабдување со одржлив челик за производните погони на компанијата во Северна Америка.
H2GS користи иновативен производен процес кој е речиси без емисии на CO2, за разлика од класичните високи печки кои во просек емитуваат по два тона CO2 по тон челик. Тоа се постигнува со корситење на електрична енергија од 100% обновливи извори, а како редукциски гас се користи водородот. За разлика од употребата на кокс, овој процес не емитува CO2, туку водена пареа. Во моментот во светот има само неколку примери на комерцијално производство на челик со употреба на водород. Претходно оваа година, Energy Transitions Commission соопштила дека можноста за одржливост на инвестирањето во проекти за производство на челик со ниски емисии е на дофат на рацете во Европа и Северна Америка. Пред две години, шведската челичарница SSAB, ги произведе првите количини на челик во чие производство немало емисии на гасови со ефект на стаклена градина, а овој „зелен“ челик и е испорачан на компанијата Volvo Group.