Кинескиот павилјон постави 50 џиновски колосални свитоци кои создаваат информативна патека, поканувајќи ги посетителите да ја посетат 40-годишната урбанизација на земјата на овогодинешното Биенале за архитектура во Венеција. За кој Патрик Шумахер, директорот на Zaha Hadid Architects, рече дека е едно од ретките места на Биеналето каде што е прикажана архитектура.
Изложбата е опишана како „хипнотизирачки коридор кој предизвикува чувство на талкање покрај зградите“.
Со наслов Обнова: симбиотска приказна, изложбата, курирана од Ruan Xing, го истражува односот на традиционалните и современите елементи за тоа како градовите можат да одговорат на процесите на заживување во Кина со нови дизајни и технологија, задржувајќи ги карактеристиките на своите традиции.
Презентацијата се фокусира на симбиотската врска помеѓу традициите, историјата, технологијата и човечката интеракција во модерна Кина, истражувајќи ја меѓуиграта помеѓу современите и традиционалните практики.
Сместена во Арсенале, изложбата ги претставува делата на неколку кинески архитекти, меѓу кои Arcplus Group-ECADI (East China Architectural Design & Research Institute Co./Ltd.), Arcplus Group-Institute of Shanghai Architectural Design & Research, Chongqing Architectural Design Institute of Chongqing Design Group.
Изложбата е збогатена со архитектонски модели, цртежи, постери, VR технологија и информативни текстови кои раскажуваат успешна приказна за кинеските експерименти во обликувањето на животната средина во опкружувања со висока густина на население.
Ruan Xing за CGTN изјави: „Би сакале да го раскажеме овој интересен концепт на обновување. Од една страна, тука е промената, од друга страна, секогаш е поддржана од културниот контекст на континуитет“.
Според CGTN, Xing на прес-конференцијата рекол дека изложбата пружа детален поглед на 40-годишната урбанизација на земјата со низа студии на случаи од Шангај. „Градското население експлодираше од 11 милиони на 25 милиони во овој период, додека просторот за живеење по глава на жител исто така скокна од 4,5 на 37,4 квадратни метри, што претставува неверојатна промена“, вели Xing.
„Преку овој единствен кинески наратив, бараме слободни дискурси за неодамнешните и новите трансформаците кои надоаѓаат во изградената средина: каде одиме и што е ставено на коцка?“, се вели Кинескиот павилјон во изјавата за медиуми.
„Дали заклучоците лежат во архитектонската енигма на густината? Дали идниот град ќе има модернистички кули, традиционални дворови или симбиоза на двете?“.
„Или ќе се создадат други можности преку VR технологијата, чистата и обновливата енергија?
На изложбата, „посетителите се охрабруваат да дојдат до сопствени одговори со ‘гледање’, ‘анализирање’, ‘рамислување’ и ‘шетање’ во Кинескиот павилјон“.
Од друга страна, уметникот Zhuang Ziyu рече дека „обновувањето и симбиозата не се само современи перспективи, туку концепти длабоко вкоренети во кинеската архитектура и планирање“.
„Ги пронаоѓаме во нашите традиционални уметности, градини и планирање на градот. Тие се рефлектираат и во интеракциите на нашата напредна технологија и алатки за комуникација“, додаде Ziyu.