Насловна / Архитектура / Избран најубавиот мал град во светот

Избран најубавиот мал град во светот

Списанието Conde Nast Traveler објави листа на најубавите мали градови во светот.

Листата вклучува места од различни делови на светот, од Бразил, Канада, Словенија до Јапонија. Списокот е направен од нивните уредници, а она што го земале во предвид при изборот на најубавите мали гратчиња се поплочаните улици, архитектурата, неверојатните погледи.

2

Албарасин, Шпанија

„Припишете го тоа на љубезните локални жители, хотелите или добриот старомоден шарм, но никогаш нема да се измориме од патувања во мали градови. Речиси секоја земја на планетата има мал град што вреди да се побара, од историски села во Јапонија до пустинските оази во Египет. Без дилема, ова се најубавите мали градови во светот“, се вели во написот.

Албарасин го зазеде првото место

Најмногу им се допаднал градот Албарасин во Шпанија. Се наоѓа во покраината Теруел, а според пописот од 2018 година во него живееле 1.016 жители.

1

Албарасин, Шпанија

„Овој изолиран планински град покрај реката Гвадалкивир е главен кандидат за титулата најубав мал град во Шпанија, со розови и портокалови згради кои беспрекорно се вклопуваат во карпестата околина. Местото е единствено благодарение на својата историја и муслиманските и христијанските влијанија – каде на друго место можете да најдете готски катедрали и урнатини од маварски замок во истиот мал град?” стои во описот на овој град.

Црвените карпи кои го опкружуваат градот го прават популарно место за качување и планинарење.

На списокот е и Блед

На списокот се најде и Блед во Словенија.

„Има причина зошто езерото Блед е едно од најпопуларните места во Словенија. Со своите смарагдни води, островоче преполно со цркви, погледот на Алпите и замокот од 12. век на ридот, нема да ви недостасуваат совршени погледи. Околниот град Блед е еднакво шармантен“, пишуваат за Блед.

3

Блед, Словенија

Листата уште ги вклучува и градовите Бан Рак Таи на Тајланд, Банос во Еквадор, Биеи во Јапонија, Бокас дел Торо во Панама, Есперансе во Австралија, Горде во Франција, Халштат во Австрија, Ируја во Аргентина, Ламу во Кенија…

ar

Ируја, Аргентина

bocas

Бокас дел Торо во Панама

кк

Ламу, Кенија

Испрати коментар

Scroll To Top