Светот на уметноста засекогаш се променил во пристанишниот град Авр, Франција, на 13. ноември 1872 година, во 7:35 часот. Клод Моне гледал низ прозорецот на хотелот и почнал да го слика она што го гледа. Резултат на тоа е „Импресија, изгрејсонце“ и раѓање на ново уметничко движење.
Сликата за прв пат е изложена во 1874. Година и тогаш критичар на еден сатиричен весник иронично го употребил зборот „импресионизам“, кој подоцна ќе го означи новиот правец во сликарството.
Како точно знаеме кога се родил импресионизмот? Благодарение на Доналд Олсон, астрофизичар од Државниот универзитет во Тексас кој ја користи астрономијата за разрешување на уметнички и книжевни мистерии. Кога историчарката на уметност Жералдин Луфевр и Маријана Матју, заменичка директор на парискиот музеј Мармотан Моне, го замолиле Олсон да им помогне во одредување на времето на сликање на сликата, самопрогласениот „небесен детектив“ почнал да размислува над мапи и фотографии за да ги идентификува хотелот и собата во кои престојувал Моне. А потоа се свртел кон астрономијата, користејќи го времето на изгрејсонце и излегување на месечина за да го утврди времето на плима, годишното време и време од денот, а ги змал предвид и дигитализираните набљудувања за временските прилики од 19. век. Конечните насоки ги дале столбовите чад на сликата, кои укажуваат дека ветерот дува од исток кон запад. Тие откритија, заедно со бројот 72 до потписот на Моне, го решиле овој случај и ставиле прецизен временски печат на ова безвременско уметничко дело.