Во рамките на серијата активности насловени како СКОПСКО АСЕИЗМИЧКО ЛЕТО на Градежниот факултет, УКИМ во Скопје на 22.06.2023 (четврток) ќе се организира еднодневна тематска конференција „4S – Skopje Summer Seismicity Stop“. Настанот е поддржан од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Архитектонскиот факултет УКИМ во Скопје, Друштвото на градежни конструктори на Македонија и UNDP. Преку излагањата на повиканите предавачи од земјата и странство, аудиториумот ќе има можност да се запознае со најновите истражувања, трендови, технологии и достигнувања во областа на изградбата на објекти отпорни на земјотрес.
Во прилог покана и агенда за настанот. Поради ограничениот број на места, Ве молиме да се регистрирате со пополнување на формуларот достапен на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfR4EJUQL8eBqti462UdReXOY2OxyY1hsu5IPXnot_pMAuxFg/viewform