Насловна / Вести / Норвешки Ørsted е првата компанија на светот која издаде сини обврзници

Норвешки Ørsted е првата компанија на светот која издаде сини обврзници

Данскиот енергетски гигант Ørsted соопшти дека ќе инвестира 64 милијарди евра со цел до 230 година да достигне инсталиран капацитет од 50 GW. Компанијата исто така позајмила 100 милиони евра за вложување во биодиверзитет на морето и во одржлив сообраќај. Освен тоа, воспоставила партнерства за ветерни турбини направени од челик со низок удел на јаглерод и рециклирање на соларни панели. Ørsted стартувал неколку иницијативи за одржливост и рекол дека е прва енергетска компанија на светот која изгдала сини обврзници. Приходите се наменети за инвестирање во биодиверзитет ан морето, во согласност со посветеноста на компанијата за постигнување на нето позитивно влијание врз биодиверзитетот до 2030 како и одржлив поморски сообраќај.

orstedblue1

Моментално компанијата има во изградба 4,9 GW, добила проекти за уште 10,6 GW а во подготовка има 114 GW. Компанијата соопштила дека го декарбонизира својот синџир ан снабдување и дека е на пат да достигне нето нулта емисија до 2040 година. Освен тоа, Ørsted се обврзал на реупотреба или рециклирање на сите лопатки на ветерните турбини и соларни панели од своето глобално портфолио. Исто така, компанијата се обврзала дека од 2030 година ќе пушта во работа само проекти со нето позитивно влијание врз биодиверзитетот. Ørsted влегол во партнерство со добавувачи на нискојаглеродни фундаменти и столбови, како и лопатки на ветерни турбини кои се направени од рециклирани материјали. Исто така, во партнерство со Solarcycle, повторно ги употребува материјалите рециклираните свои фотонапонски панели во нови проекти.

orstedblue2

Испрати коментар

Scroll To Top