По минатогодишната енергетска криза, Европа забрзано прави планови за избегнување на нова. Новиот план е ризичен и опфаќа и чување на гас во Украина. Имено, во близина на границата на Украина со ЕУ, се наоѓа складиштето Билче – Воличко – Ухерске, кое може да прими четири пати повеќе природен гас од слични локации во Германија, добро е поврзано со мрежата на ЕУ и би можело да биде клучно во напорите на Унијата да обезбеди енергенти за наредната зима. Складиштењето на ова гориво во земја која е во војна делува како луда идеја, но објектите наводно се доволно оддалечени од линијата на фронтот, па некои трговци сметаат дека ваквиот потфат е вреден за ризикот.
Со оглед дека складишните капацитети во ЕУ се веќе блиску до својот капацитет – моментално се исполнети над 70%, складирањето на гас во Украина би можело да ја спречи преполнетоста во наредните месеци. За да биде складирањето на гас во Украина одржливо, цените ќе мора да паднат доволно ниско за да ги оправдаат трошоците. Иницијативата која се планира е дел од обидот да се избегне паника која претходно доведе до рекордни цени и државни интервенции. Со цел да ги заштитат компаниите и потрошувачите, владите од ЕУ издвоиле 646 милијарди евра помош. Иако европските енергетски компании пред војната складираа гас во Украина, идејата да се чуваат залихи во земја која е во војна е незапамтена, но самото разгледување на истата покажува дека опциите на ЕУ с емногу ограничени. капацитетот за складирање на гас во Украина изнесува повеќе од 30 милијарди кубни метри. Украина е заинтересирана за оваа опција, бидејќи тоа ќе и донесе приход.