Насловна / Вести / Во ЕУ годишно се фрлаат 11kg облека по жител

Во ЕУ годишно се фрлаат 11kg облека по жител

Европскиот парламент го изгласа Извештајот за стратегијата на ЕУ за одржливи и циркуларни текстилни производи. Производството на облека во периодот од 2000 до 2015 година се удвоил, а трајноста на производите е намалена за една третина. Годишно се фрлаат околу 11kg облека по жител, а одделните парчиња облека се носта во просек по 7-8 пати. Таквата ситуација е бнеодржлива и ЕУ покренува низа иницијативи со цел да се намали потрошувачката.

susttextil1

susttextil2

 

Меѓу останатото, Извештајот повикува на воведување на дигитален пасош преку кој лесно ќе ги дознаваме релевантните податоци за производот, како на пример – кога и какао е направен, од кои материјали и дали може да се рециклира. Исто така, тој повикува и на забрана за спалување на непродадената и вратената текстилна стока на ниво на Унијата. Имано, досега големи количини на вишоци и залихи кои не можат да се продадат, доведуваа до уништување на непотребните текстилни производи. Според некои процени, само во Германија годишно се уништува стока во вредност од седум милијарди евра. Токму поради fast food начинот на функционирање на модната индустрија, и до 35% од глобалната микропластика испуштена во океаните од синтетички текстилни производи, односно помеѓу 200 и 500 илјади тони секоја година.

susttextil3

 

Испрати коментар

Scroll To Top