Во Њујорк, наскоро ќе се отвори голема ретроспектива на Џеф Кунс, а по повод настанот авторот создаде огромна скулптура исплетена од цвеќиња. На 27 јуни музејот „Витни“ на американската уметност ги отвора своите врати за сите љубители на контроверзниот Џеф Кунс.
За да ги информира жителите на Големото јаболко за големата ретроспективна изложба, Џеф ја изработи скулптурата и ја постави на плоштадот пред центарот Рокфелер, на место каде инаку се крева традиционална божиќна елка. Скулптурата насловена Split-Rocker составена од цвеќиња е висока околу 12 метри и тежи 150 тони.
Делото се состои од две половини – првата е врз основа на изгледот на детско пони за лулкање, а другата изгледа како диносаурус. Џеф Кунс направи дури и две скулптури, од кои едната ќе се наоѓа во музејот „Витни“, а другата е во колекцијата на музејот „Гленстон“.
E nie vo Skopje od koga si imame cvetni skulpturi 🙂
super! 🙂
Preubavooo!!
Mi se dopagja! 😉