На северот на Шведска, постои спектакуларен и уникатен хотел на дрво. До шест метри над земја, среде шума. Гостите на т.н. „Трихотел“, односно Хотел на дрво, можат да преноќат во шест различни соби. Секоја од собите е уникат и секоја е проектирана од различен шведски архитект.
„Нашиот концепт се состои од три дела: модерен дизајн, архитектура и екологија. Овие три компонети ги комбиниравме и со нив привлекуваме луѓе со сосема различни интереси“, вели Кент Линдвал, управител на „Трихотел“. А тоа има и своја цена. Ноќевање за две лица чини и до 500 евра.