Насловна / Вести / Се планира изградба на терминал за ТПГ и термоелектрани на гас во Бар

Се планира изградба на терминал за ТПГ и термоелектрани на гас во Бар

Во близина на пристаништето Бар, се планира изградба на терминал за увоз на течен природен гас (ТПГ)  и термоелектрани на гас. Со потпишувањето на Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Црна Гора, компаниите Enerflex energy systems и Wethington energy innovation, се пружа поддршка на унапредувањето на енергетската инфраструктура во оваа земја. Како што се истакнува, станува збор за проекти вредни стотина милиони евра. „Сметаме дека енергетската диверзификација е од суштинска важност за понатамошниот развој на Црна Гора.

bar1

 

Ова е геополитички особено значајно за нас, а првенствено зборува за тоа што земјата сака во наредните 20 години“, рекол Дритан Абазовиќ, премиерот на Црна Гора. Се планира изградбата на овие капацитети да трае две години. Како стои во Меморандумот, вредноста на проектот терминал за ТПГ би требало да биде во опсегот од 130 до 250 милиони евра, а  на проектот термоелектрани помеѓу 200 и 500 милиони евра, во зависност од инсталираниот капацитет.

bar2

 

Испрати коментар

Scroll To Top