Насловна / Вести / Следната година по асфалт до Долно Трогерци

Следната година по асфалт до Долно Трогерци

dolno trogerci_1

Шест и пол километри асфалтен пат до село Трогерци ќе го реши проблемот на оние што имаат обработливи површини во атарот на ова карбинско село. Пространите житници се причина за солидна фреквенција на луѓе во овој крај.
Решавањето на најголемиот инфраструктурен проблем во овој регион, ќе значи заживување на селото, но пред се развој на земјоделието на околу 4000 хектари идеални за сите видови земјоделски култури.

dolno trogerci_2
Општините Штип и Карбинци имаат изготвено и проект со кој ќе аплицираат за средства од програмата за рурален развој во Министерството за земјоделство. Добија ветување лично од министерот за земјоделство, Љупчо Димовски дека проектот за изградба на пат до ова село ќе биде дел од програмата за рурален развој идната година. Но, за целосно да се искористи земјоделскиот потенцијал, значајно е што во наредните години овој регион ќе биде опфатен со хидросистемот Брегалница.
Во минатото село Долно Трогерци било дом за повеќе од триста семејства. Сега ова село е со двајца постојани и уште толку повремени жители. Слична е состојбата и во Горно Трогерци. Решавањето на главниот инфраструктурен проблем, ќе биде предуслов и за подем на сточарството во овие села.

Испрати коментар

Scroll To Top