Универзитетот во Крагуевац со помош на Стопанската комора на Србија, работи на формирање на истражувачко – консултативен центар за зелена економија. Целта на проектот е да се пружи поддршка на стопанството и компаниите во соочувањето со зелената транзиција. Центарот за зелена економија ќе биде првата соработка на такво ниво помеѓу науката и стопанството. Со меморандумот за соработка кои го потпишаа двете страни, дефинирани се заедничките активности, при што ќе се реализираат научно истражувачки проекти и активности од областа на зелената економија. Со тоа ќе се создадат услови за развој на подобро деловно опкружување.
Најавено е формирање на неколку експертски тимови за поддршка на стопанските субјекти. Тимовите ќе им помагаат на компаниите во заедничкото или поединечното аплицирање за национални, регионални и фондови на Еврпската унија и проекти. Замислено е центарот ад организира и заеднички тркалезни маси, панел дискусии, обуки и комплементарни консултантски услуги. Праксата покажала дека на компаниите им е потребна високопрофесионална консултантска поддршка во областа на циркуларната економија, декарбонизацијата на технолошките и производните процеси, како и пресметката на јаглеродните емисии и енергетската ефикасност. Центарот за зелена економија ќе биде прв вид на поддршка на националната економија во процесот на технолошки предизвици и промени. Од друга страна, според ректорот на Универзитетот, оваа форма на соработка ќе биде многу корисна за развојот на новите курикулуми на студиските програми, со цел тие да бидат поблиску до потребите на стопанството.