Насловна / Архитектура / Поголем дел од проектите на Zaha Hadid Architects се развиваат преку слики направени од АИ

Поголем дел од проектите на Zaha Hadid Architects се развиваат преку слики направени од АИ

Директорот на Zaha Hadid Architects, Патрик Шумахер, ја откри „тајната“ за тоа како ги развиваат своите проекти. „Некои клиенти не прозиваат поради тоа“.

На неодамна одржаната дискусија на тркалезна маса за тоа како вештачката интелигенција (АИ) може да го промени дизајнот, Шумахер одржал презентација за употребата на технологијата за генерирање слики на начин на кој тоа го прават во Zaha Hadid Architects (ZHA).

1

Тие користат АИ генератори како што се DALL-E 2 и Midjourney за да дојдат до дизајнерски идеи за идни проекти, пишува Dezeen.

„Технологијата не ја применуваме на секој проект, но станова збор за повеќето, а јас ги охрабрувам сите што работат на конкурси и иницијални идеи да видат што ќе се појави на овој начин, како би имале поголем репертоар“, објасни Патрик Шумахер и додава: „На овој начин често се појавуваат интересни идеи и нови видови форми, кои можете да ги покажете како рани скици дури и на клиентите, и да, се разбира дека некои неодамна не прозваа поради тоа“.

2

Препознатливиот флуиден стил на Заха со вештачка интелигенција

Шумахер објаснува дека на овој начин во раната фаза на проектот не треба да работите многу, можете да ги прикажете необработените рендерите и да генерирате идеи заедно со клиентите или во тимот.

На презентацијата, архитектот прикажал и обемен каталог на слики од имагинарни згради  креирани со користење на DALL-E 2, Midjourney и Stable Diffusion, кои го носат препознатливиот флуиден стил на студиото, со кој се прослави неговиот основач Заха Хадид.

Онлајн АИ алатките како DALL-E 2 генерираат слики за неколку секунди од текстуално барање. Откако алатките се појавија во текот на изминатата година, привлекоа големо внимание и предизвикаа дебата за тоа како АИ би можела да ги промени креативните индустрии.

зззз (1)

Од 10 до 15% од АИ решението оди понатаму во проектот

За време на презентацијата, Шумахер направил споредба помеѓу користењето АИ алатки и конвенционалните дизајнерски состаноци, како метод за наоѓање идеи.

„За мене ова отсекогаш било слично во споредба со тимовите кои вербално се поттикнуваат меѓусебно, повикувајќи се на претходни проекти и идеи, со гестикулации со рацете. Тоа е начин на генерирање идеи и сега можам да го направам тоа директно со Midjourney или DALL-E 2, или тимот може да го направи тоа во наше име, и мислам дека тоа е прилично моќно“.

Архитектот објасни дека студиото одвојува „од 10 до 15%“ од решението од АИ генераторот за понатамошната фаза на 3Д моделирање. А колку се посветени на оваа идеја, покажува и фактот што ZHA основале и интерна истражувачка група за вештачка интелигенција.

Против мораториумот за развој на АИ

Шумахер ги критикуваше повиците за мораториум на развојот на АИ системите. Имено, постои отворено писмо во кое се предупредува дека ваквите системи претставуваат „длабока опасност за општеството и човештвото“, потпишано од Илон Маск и ко-основачот на Apple, Стив Возниак, како и други истакнати личности од светот на технолошката индустрија.

Шумахер тврди дека „сериозните прашања“ во врска со АИ не можат да се решат со „тешка регулатива“ и наместо тоа заговара дека треба да бидеме „отворени и слободни, енергични и оптимисти за решавање на ваквите прашања“.

Испрати коментар

Scroll To Top