Насловна / Архитектура / Архитектонски класик: Villa dall’Ava на ОМА во близина на Париз

Архитектонски класик: Villa dall’Ava на ОМА во близина на Париз

Голем дел од просторната композиција на Villa dall’Ava е под влијание на нејзината локација, во градина на рид. Завршена е во 1991 година во резиденцијалната четврт Saint-Cloud, со поглед на Париз.

05

Клиентите го избрале бирото ОМА на Рем Колхас да ја проектира куќата со два различни стана – еден за себе и друг за нивната ќерка – и побарале базен на кровот со поглед на Ајфеловата кула.

2

Локацијата е омеѓана со три сегменти долж оската исток-запад: гаражата, поставена на ниво на улицата, главниот волумен на куќата и градината, која се протега по должината на локацијата. До гаражата се пристапува од ниво на улицата и е вградена во косината на теренот.

10

Самата вила се издигнува од нивото на влезот до кровот над третиот кат. Визуелно различните волумени се наредени и ориентирани да го оптимизираат погледот на градината и оддалечниот град. Бетонски ѕид ја продолжува висината на вилата и воспоставува главна оска долж должината на локацијата.

06

Заедничките простори за семејството се наоѓаат во главниот волумен, стаклена кутија сместена во градината. Архитектите местото го замислиле како просторија ограничена со вегетација и терен; дневна соба во рамки на поголема соба.

4

Широките стаклени прозорци го пробиваат бетонскиот ѕид на ниво на градината, така што просторите за живеење изгледаат целосно завиткани во стакло. Ѕидовите создаваат пропустлива бариера помеѓу внатрешноста и надворешноста и се лизгаат за целосно да се отворат кон градината.

000

Иако периметарот на вилата е речиси целосно стаклен на ниво на градината, тој не е целосно проѕирен, како што би се очекувало. Јужната фасада е составена од проѕирно и пескарено стакло, заштитувајќи дел од дневната соба од погледи, додека дозволува поминување на светлината. Минималистичка кујна е скриена од надворешноста, сместена зад заоблен, проѕирен ѕид во станбениот простор.

9

Долж северната фасада, задебелена преграда од иверица ги заклонува просторите за живеење од погледи. Однадвор се видливи само елементите на циркулација, кои го зафаќаат просторот помеѓу ѕидот од иверица и стаклената фасада. Тесна рампа води од влезот до нивото на градината, а конзолните скали обезбедуваат пристап од дневната соба во станот горе.

3

Базенот го зазема нивото на кровот на централниот волумен. Одоздола, нема јасни назнаки за неговото постоење. Површината на водата досегнува веднаш под нивото на кровот. Недостатокот на заштитна ограда или парапет ја нагласува хоризонталноста на кровот, спротиставена на становите кои се испакнати во нормални насоки на секој крај.

07

Становите се конзоли надвор од централниот волумен, лебдејќи над градината. И двата се обложени со брановиден алуминиум со контрастни тонови, едниот со алуминиумска завршна обработка, а другиот обоен црвено со бакарен лак. Брановите се ориентирани хоризонтално, нагласувајќи ја ориентацијата на становите во контраст на централниот волумен.

1

Материјалот ја покрива долната страна на секоја станбена кутија, протегајќи се дури и низ внатрешноста, нагласувајќи го читањето на волуменот над површината. Скалите, кои се искачуваат од просторот за живеење до станот погоре, изгледаат како да се лизгаат низ отворот во волумен на непрекинат алуминиум.

ск

Континуитетот на облогите на секој стан го прекинуваат само лентовидни прозорци. Бањите се сместени во непроѕирни, правоаголни волумени одмакнати од надворешните ѕидови. Тенките челични столбови обоени во нијанси на црна и сива боја го носат поголемиот од двата стана, кој доминира на уличната фасада.

0

Лентовидните прозорци и тенките столбови што се повторуваат потсетуваат на Villa Savoye на Ле Корбизје. Транспарентната стаклена кутија со вметнати, непроѕирни сервисни волумени изгледа инспирирана од Farnsworth House на Мис ван дер Рое и Glass House на Филип Џонсон.

5 6 7 8 11

Испрати коментар

Scroll To Top