Насловна / Екологија / Европската Унија кажа „да“ за ГМО

Европската Унија кажа „да“ за ГМО

o-gmo-facebook_1
Спогодбата што на 12 јуни треба да ја потпишат министрите за животна средина, усвоена е на состанокот на постојаните претставници на 28-те земји членки, по повеќегодишни обиди да се постигне договор во таа област. При гласањето на тој состанок само Белгија била воздржана.

Новата спогодба ќе ѝ овозможи на секоја држава членка, на својата територија или на еден нејзин дел да го забрани одгледувањето на ГМО, но не поради штетни влијанија врз здравјето и животната средина. Тие причини можат да бидат: јавниот ред, управувањето со просторот или сузбивањето на ширењето на некои видови. Дури и членките на ЕУ кои се против одгледувањето на ГМО, не ќе можат да го забранат транзитот на тие култури преку својата територија. Оваа спогодаба производителите на ГМО семиња ја чекаа 14 години.

Испрати коментар

Scroll To Top