Шведската компанија „Икеа“ започна продажба на електрични велосипеди кои се наречени FOLKVÄNLIG. Името претставува кованица од два збора во шведскиот јазик. “Folk” што во превод значи „луѓе“, и “vänlig” што во превод значи „пријателски“. Целата конструкција на велосипедот е направена од алуминиум и челик. Велосипедот има литиум-јонска батерија која напојува електричен мотор со моќност од 250 W. Со едно полнење можно е да се помине растојание и до 72 km.