Насловна / Архитектура / Нурнавме во подводна гаража за велосипеди во Амстердам (ВИДЕО)

Нурнавме во подводна гаража за велосипеди во Амстердам (ВИДЕО)

Холандското биро Wurck го комплетираше подводниот паркинг за велосипеди покрај централната станица во Амстердам, со светли бели ентериери „потопени“ девет метри под површината на познатите канали.

7

Директно поврзан со градското метро и железничкиот систем преку шест ескалатори, овој подводен простор се вели дека е прв од ваков вид во светот, обезбедувајќи паркинг за околу 7.000 велосипеди.

1

Функционално проширување на областа

Ротердамската архитектонска пракса Wurck го доби проектот по конкурсот спроведен од градскиот совет на Амстердам во 2018 година.

2

Целта беше светлиот подземен објект да стане атрактивно и функционално проширување на урбаното подрачје кое се наоѓа над него, а кое исто така беше предмет на поширок проект за регенерација.

6

„Паркингот за велосипеди е дел од поголем проект познат како De Entree, кој вклучува реновирање на целиот простор на станицата“, објасни за Dezeen еден од основачите на Wurck, Oriol Kasas Kanser.

Идејата е со проектот да се слави монументалниот карактер на станицата и нејзината положба на автономниот остров, што исто така е мошне амбициозно.

140 метри стакло долж патеката

Патеката која ги води корисниците до и низ паркингот за велосипеди е обложена со стаклена плоча и е долга 140 метри.

8

Движејќи се по оваа рута, можете да видите и мапи и уметнички дела со наутичка тематика, кои се создадени во соработка со канцеларијата за дизајн Multitude и Амстердамскиот музеј.

Влезот во просторот е изведен на малку груб начин со употреба на камен и бетон, за да понатаму се отстапи место на огромна сала исполнета со сјајни бели „печуркасти“ столбови.

3

„Дизајнот е посвета на водата. Сите форми се флуидни.  Ѕидовите, столбовите, скалите и стаклените ѕидови се закривени“, вели Kanser.

Архитектите од Wurck се определиле за контрастна палета на материјали за да го имитираат чувството на отворање на школки остриги, а потоа откривање на нивната чиста бела внатрешност.

4

Надворешноост и внатрешност на острига

На влезот доминираат темни и робусни материјали како природен камен и базалт, што алудира на надворешноста на остригите.

Внатрешноста пак, е светла и бела како внатрешноста на остригите, заедно со „бисери“ кои претставуваат заоблени стаклени фасади во форма на низа окулуси.

Автоматизираниот систем им овозможува на велосипедистите да користат електронски порти, овозможувајќи брзо и ефикасно движење по закривените патеки.

5

Испрати коментар

Scroll To Top