Казна од неверојатни 33 милиони евра за бар на плажа на островот Миконос во областа Панормос.
Износот од 22,5 милиони евра се однесува на казна за изградба на нелегални објекти, а дополнителни 11 милиони евра за нивно одржување. Со други зборови, за секоја година што ќе помине, а сопствениците не ги срушат објектите класифицирани како бесправно изградени, од оваа година ќе треба да платат казна од 11 милиони евра.
Сопственикот има право на жалба во рок од 10 дена. Откако ќе истече рокот, законот овозможува суспензија на работењето доколку сопственикот не продолжи со уривање на дивоградбите.
Покрај паричната казна изречена за овој објект, потпишан e налог за уривање на бесправно изградени објекти на бар на плажа кај Psarou.
Наредбата е издадена по инспекциите извршени од Министерството за животна средина на популарниот остров од 4 до 11 април.
Сопственикот и во овој случај има право на жалба во рок од 10 дена против решението за уривање.
Според инспекторите површините што треба да се урнат надминуваат 500 метри квадратни.